ВИДЕО: Тричко со стил ја отвори новата сезона, со глава го „матира“ Шишковски!

Македонскиот напаѓач Иван Тричковски со стил ја започна новата сезона во кипарскиот шампионат, откако го постигна водечкиот гол на АЕК Лернака на дуелот со Докса.

Искусниот напаѓач, кој летово по настапите на Европското првенство се повлече од репрезентативниот дрес, најавува нова ефикасна сезона, а по само 26. минути игра против Докса, со прекрасен удар со глава го матира сонародникот Шишковски.

  • Голот на Иван Тричковски против Доха:

34-годишниот напаѓач минатата сезона беше еден од најдобрите стрелци во кипарскиот шампионат, постигнувајќи 16 гола на 30 натпревари.