ВИДЕО: Тричко со нов гол за АЕК Ларнака е лидер меѓу стрелците на Кипар

На последниот официјален натпревар за својот клуб АЕК Ларнака пред настапот за македонската репрезентација против Австрија и Израел, Иван Тричковски пак се запиша меѓу стрелците.

Македонецот погоди во 14. минута од дуелот во Ларнака против Докса и го отвори резултатот (1-0). Биеше со глава по нафрлена топка и успеа да ја стресе мрежата на противникот. Докса до крајот успеа да се спаси од пораз.

Тричковски со овој гол дојде до бројката од десет погодока на Кипар и е убедливо прв стрелец во лигата, со три гола повеќе од второпласираниот Рајо.