ВИДЕО: Тричко со нов гол се искачи на врвот на листата на стрелци на Кипар

Македонскиот интернационалец Иван Тричковски продолжи со добрата форма на Кипар и повторно е меѓу најдобрите во лигата.

АЕК Ларнака на домашен терен ремизира во дербито со Анортозис (1-1), а Тричковски го постигна првиот гол на мечот. Во 50. минута Македонецот се снајде во казнениот простор по една мешаница.

  • Голот на Иван Тричковски против Анортозис:

Тричковски со овој погодок дојде до котата од десет гола во дресот на АЕК Ларнака оваа сезона и се наоѓа на првото место на листата на стрелци пред Садик од Докса кој има девет и Валкари од Папос со осум гола.