ВИДЕО: Тричковски со гол се врати во составот на АЕК Ларнака

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски се врати во составот на АЕК Ларнака, со гол во дерби-дуелот против АПОЕЛ (1-1) во кипарскиот шампионат.

Тричко влезе во игра на стартот на второто полувреме, а во листата на стрелците се запиша во 59. минута откако реализира со глава.

До финишот на мечот АПОЕЛ успеа да израмни и да ги постави конечните 1-1. За Иван Тричковски ова беше шести погодок во новата сезона од кипарскиот шампионат.

АЕК Ларнака е далеку од врвот, четири кола нема победа и се наоѓа на петтата позиција.