• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Иван Тричковски постигна нов гол на Кипар, овој пат во рамки на Купот на Кипар во дуелот против Неа Саламис (2-0).
Големиот фаворит по триумфот во првиот меч, ја потврди улогата и во вториот, а Иван Тричковски беше еден од стрелците. Македонецот успеа да погоди во 22. минута од мечот и во првиот дел да донесе предност. Триумфот го потврди Акоран во вториот дел.
Покрај АЕК Ларнака, пласман во наредната рунда обезбеди и АЕЛ Лимасол на Давор Здравковски и Кире Маркоски, со убедлива победа од 8-0 над Лакатамиас.









