ВИДЕО: Тричко со гол ја завери новата победа на АЕК Ларнака

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски постигна нов гол на Кипар, овој пат во победата на неговата АЕК Ларнака на гости кај Ермис (0-2).

Напаѓачот се запиша во листата на стрелците во 85. минута, откако претходно украде топка пред казнениот простор на АЕК и додаде до соиграч, а потоа тој го пронајде во шеснаесетникот на Ермис.

  • Голот на Тричковски против Ермис:

За Македонецот ова е петти гол на Кипар. АЕК Ларнака се наоѓа на второто место на табелата со 16 бода, три помалку од лидерот Аполон.