ВИДЕО: Тричко шутна три пенали за АЕК – еден промаши, два даде и донесе реми

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски продолжи да игра во одлична форма на Кипар и даде два гола во дресот на АЕК Ларнака.

АЕК Ларнака на домашен терен одигра 2-2 (1-1) во дуелот со Омонија, а нашиот фудбалер беше во фокусот на вниманието. Интересно, домашните добија три пенали, а трите ги шутираше Иван Тричковски.

Напаѓачот го промаши првиот во 10. минута, додека во 40. и 98. минута од мечот беше прецизен од белата точка. 

Иван Тричковски има четири гола оваа сезона во кипарскиот шампионат и е најдобар стрелец.