ВИДЕО: Тричко се врати од повреда и со два гола донесе триумф за АЕК Ларнака

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски имаше одличен натпревар за АЕК Ларнака и со два гола донесе триумф за својот тим против Аполон (2-1).

Тричко беше повреден и ги скокна двата меча од квалификациите за ЕП 2020, но на најдобар можен начин се врати од повредата. Првиот гол Македонецот го даде во шестата минута, додека точка на триумфот стави во 73. минута.

АЕК Ларнака е на четвртото место во групата за борба за излез во Европа со 46 бода, а во наредното коло игра со Омонија.