ВИДЕО: Тричко продолжува да „стрела“, погоди и против Штурм!

Фудбалерите на АЕК Ларнака се блиску до пласман во плеј-оф рундата на Лига Европа, бидејќи на гостувањето во Австрија до судискиот прекин во 80 минута водеше со 0-2.

Кипарците поведоа со голот на Триолс во 46. минута, па на комотни 0-2 зголеми Иван Тричковски во 74. минута, за три минути подоцна беше и заменет.

За нашиот репрезентативец денешниот погодок е негов трет во Лига Европа, бидејќи во минатото коло постигна два гола против Дандалк.

 Во тимот на АЕК Ларнака, во 60. минута шанса за настап доби и Даниел Мојсов.