ВИДЕО: Тричко „поцрвене“ во дербито против Аполон

Македонскиот фудбалер Иван Тричковски не го доигра дерби-дуелот против Аполон до крајот затоа што заработи директен црвен картон.

Тричко беше исклучен во 32. минута, поради удар на противнички фудбалер. Кога нашиот репрезентативец беше испратен во соблекувалната резултатот гласеше 1-1, а до крајот на натпреварот паднаа уште три гола. Аполон го доби мечот со 3-2, и тоа со гол постигнат во 93 минута од натпреварот.

АЕК е на третото место во „шампионската група“ на Кипар, со 59 бода, два помалку од второпласираниот Аполон. Во наредното коло АЕК Ларнака гостува кај АПОЕЛ.