ВИДЕО: Тричко немилосрден – седмо коло по ред постигнува гол за АЕК Ларнака!

Иван Тричковски испишува историја во редовите на АЕК Ларнака, затоа што оваа сезона игра во фантастична форма и немилосрдно ги тресе противничките мрежи.

Искусниот напаѓач во листата на стрелците се запиша и на вечерашниот натпревар на својот тим против Анортозис, со што го постигна својот осми гол оваа сезона. Поточно, поранешната „седумка“ на Македонија, стрела на секој натпревар на АЕК Ларнака во новиот шампионат, нешто што со ретко кој друг македонски интернационалец може да се пофали.

  • Голот на Тричковски против Анортозис:

34-годишниот Тричковски пред неколку дена го продолжи својот престој на Кипар и потпиша нов двегодишен договор со АЕК Ларнака.