ВИДЕО: Тричко му даде гол на лидерот Аполон

Иван Тричковски продолжи да игра во добра форма во АЕК Ларнака и погоди во големото дерби против лидерот Аполон (3-0).

Македонскиот репрезентативец погоди во 38. минута за предност на домашните од 2-0, откако се ослободи од Педро, а потоа биеше во мрежата на голманот Вале. Останатите два погодока ги постигнаа Акоран и Јану, за конечни 3-0 и враќање на АЕК во битка за едно од местата кои водат во Европа.

На овој натпреар настапи и Даниел Мојсов, кој играше 90 минути и „пожолте“ во 68. минута од мечот.