ВИДЕО: Тричковски ја продолжи гол-серијата за АЕК Ларнака

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски ја продолжи гол-серијата за неговиот тим АЕК Ларнака, но за жал немаше среќа да ѝ се радува на победата.

АЕЛ Лимасол на домашен терен со 3-2 (0-0) славеше над АЕК, а Тричко беше стрелец на првиот гол на мечот. Македонецот доби нафрлена топка во 51. минута и во пад успеа да го совлада противничкиот голман.

Гостите од Ларнака водеа и со 1-2, но во 80. и 85. домашните дадоа два брзи гола, за конечни 3-2. АЕК Ларнака со овој пораз ги загуби сите шанси за шампионска титула, а си ја отежна и борбата за пласман во еврокуповите.