Тричко ја освои Никозија и ја одведе Ларнака на врвот

Со снаодлива реакција во противничкиот казнен простор, македонскиот репрезентативец Иван Тричковски му донесе победа на својот тим АЕЛ Ларнака во дербито од 16. коло на кипарскиот шампионат против Олимпијакос Никозија.

При 1-1, некогашниот фудбалер на Работнички со манир на расен стрелец ја погоди мрежата на албанскиот голман Хиди за финални 1-2 (1-1).

Претходно Мигуел ги доведе домаќините во водство, а Толемес израмни пред одморот.

Со оваа победа „зелените“ од Ларнака избија на првото место на табелата со два бода повеќе од Анортозис