ВИДЕО: Тричко изнуди и реализира пенал, за „четири од четири“ во новата сезона

Сега веќе поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски продолжи да погодува во кипарското првенство. Овојпат, Тричко беше стрелец на единствениот гол со кој донесе победа за АЕК Ларнака против Олимпијакос Никозија (1-0) во четвртото коло. 

Во изедначен и тврд натпревар, искусниот напаѓач во 72. минута прво изнуди, а потоа го реализираше пеналот за АЕК. По старт врз него, судиите во ВАР собата му укажаа на главниот арбитар да покаже на белата точка, па Тричковски го матираше Мал за 1-0, резултат кој беше и конечен. 

  • Стартот врз Тричковски и реализираниот пенал: 

Македонецот иако има 34 години, сè уште е главен играч на АЕК. Во првите четири кола, во кои неговиот клуб има по две победи и ремија, Тричковски постигна четири погодоци, во секоја рунда по еден. 

Инаку, Тричковски по Европското првенство реши да се повлече од репрезентативниот фудбал заедно со Горан Пандев и Крсте Велкоски, оставајќи простор за помладите во тимот.