ВИДЕО: Тричко и Мојсов успешни пеналџии, АЕК Ларнака го освои кипарскиот Суперкуп

Иван Тричковски и Даниел Мојсов со АЕК Ларнака го освоија Суперкупот на Кипар. Двајцата македонски интернационалци беа дел од трилерот во Никозија, во кој АЕК триумфираше по изведувањето на пеналите против АПОЕЛ со 4-2, откако натпреварот во регуларниот дел заврши 1-1.

Мојсов и Тричковски беа дел од изведувачите и двајцата погодија во пенал рулетот за АЕК Ларнака. Со овој трофеј продолжува одличниот старт на сезоната за Тричковски и Мојсов, кои се пласираа и во групната фаза на Лига Европа.