• Мартин Танасковски

Македонскиот интернационалец Иван Тричковски продолжи со головите. Крилниот играч донесе полн плен за АЕК Ларнака (1-0) во рамки на „шампионската група“, тоа е разигрувањето за титулата и еврокуповите.
Домаќинот од Ларнака доби најстрога казна во вториот дел, поточно во 84. минута. Како капитен и главен пеналџија Тричко ја презеде одговорноста и го совлада противничкиот голман, за четврти овосезонски гол во разигрувањето.
Со четвртиот погодок во плеј-офот, Тричковски стана најдобар стрелец и се искачи на врвот на листата.