ВИДЕО: Тричко е класа на Кипар, погоди и со првакот Анортозис

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски продолжува да тресе мрежи на Кипар и погоди за АЕК Ларнака.

Тимот на домашен терен славеше над актуелниот првак Анортозис (2-1), а Тричко му ја донесе победата. По првиот дел АЕК Ларнака имаше негатива, па успеа да изедначи во 60. минута, а победничкиот гол македонскиот напаѓач го даде во 75. минута.

  • Погодокот на Тричковски против Анортозис:

За Иван Тричковски ова беше вкупно тринаесетти гол на Кипар оваа сезона.