• Мартин Танасковски
Иван Тричковски продолжи да дава голови на Кипар за АЕК Ларнака, меѓутоа неговиот тим загуби од Етникос Ахна (1-3) и остана без финале во Купот на Кипар.
Македонскиот напаѓач погоди во 20. минута од пенал, а за Етникос бранеше Мартин Богатинов. Етникос направи пресврт во вториот дел преку Гоба кој даде два гола и еднаш стрелаше Кудобјак.
- Голот на Иван Тричковски за АЕК Ларнака:
Во финалето на Купот на Кипар, Богатинов и Етникос ќе играат против Омонија.









