ВИДЕО: Тричко пак погоди, го стресе и Алки на Трајчевски

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски продолжи да игра одлично на Кипар и пак се запиша во листата на стрелците за неговата АЕК Ларнака.

На натпреварот меѓу АЕК и екипата на Алки, фаворитот забележа триумф од 2-0 (1-0). Еден од погодоците на мечот го постигна Иван Тричковски, кој стрела во 54. минута. Претходно, погоди и Арокан во 30. минута.

На дуелот во Ларнака настапија и уште двајца наши интернационалеци, Душко Трајчевски, во дресот на Алки, како и Даниел Мојсов во АЕК Ларнака. Играчот за врска одигра 90 минути во дресот на кипарскиот колектив, а слично беше и со стоперот кој е главна алка во одбраната на АЕК.

АЕК Ларнака со овој триумф се искачи на четвртото место во кипарскиот шампионат, додека Алки е десеттопласиран и шест кола нема победа.