ВИДЕО: Тричко даде гол со ножички во големото дерби против Аполон и предизвика хаос!

Македонскиот фудбалер кој настапува за АЕК Ларнака, Иван Тричковски, ја отвори новата 2017 година со гол.

АЕК Ларнака како домаќин загуби од Аполон со 1-3, а македонскиот фудбалер го постигна единствениот погодок за домаќинот во 27. минута и тоа на атрактивен начин, со ножички. Интересно е што по голот на македонскиот фудбалер на теренот се направи вистински хаос, затоа што гостите бараа офсајд, а судиите по консултација го признаа погодокот.

Минутажа на натпреварот доби и Даниел Мојсов, вториот македонски репрезентативец, кој е дел од кипарскиот клуб и одигра вкупно 90 минути. Немили сцени се случија на натпреварот кога од трибините беше погоден и гостинскиот голман, по што следеше прекин.

За Тричковски, ова е трет гол во серија на Кипар. Претходно, тој погоди против Кармиотиса и Ахна.