ВИДЕО: Тричко даде гол, но Олимпијакос на Чеде Јаневски победи со пресврт

Екипата на Олимпијакос Никозија победи со пресврт во дуелот од плеј-офот на кипарското првенство против АЕК Ларнака (2-1). Стефан Спировски и Иван Тричковски беа стартери и го одиграа цел натпревар, но стратегот од Македонија на спротивната клупа на крајот слави. 

Капитенот Тричко беше прецизен од белата точка во 11. минута и АЕК поведе на гостувањето во Никозија. Сепак, израмнување донесе Захариу, а Чеде Јаневски ја погоди третата замена и Сантана Кабрера реализира за пресврт и победа. 

  • Извештај од натпреварот: 

Овие две екипи се надвор од битката за висок пласман на Кипар, АЕК е петти во плеј-офот со седум бодови повеќе од Олимпијакос, кој е последен во оваа група на тимови.