ВИДЕО: Тричко даде два гола во дербито со Анортозис, еден од нив е мајсторија!

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски продолжи немилосрдно да тресе мрежи на Кипар и во дерби-дуелот со Анортозис (3-0), даде два гола за АЕК Ларнака.

Двата гола Македонецот ги даде во второто полувреме. Првиот погодок беше во 71. минута, додека вториот падна во 84. минута и беше вистинска мајсторија, откако од невозможна позиција, Тричко пласираше и даде ефектен гол.

АЕК Ларнака е на четвртото место во кипарскиот шампионат, а Тричковски има вкупно седум гола во првенството.