• Иван Димовски
Фудбалерите на Ријека се пласираа во полуфиналето на Купот на Хрватска, откако минимално славеа на гостувањето кај Рудеш (0-1).
Овој натпревар го одбележа спектакуларниот гол на Нико Галешиќ, од околу 35 метри директно од слободен удар.
Неговите соиграчи наместија уште два „живи ѕида“ покрај стандардниот на Рудеш од тројца фудбалери. Така меѓу голманот и топката имаше седум фудбалери, а пред шутот на Галешиќ играчите на Ријека се тргнаа. Ударот заврши под пречката и во мрежата за вистинско ремек-дело.