Три сензации пред нокаут-фазата на АКН: Погледнете кој си замина дома!

Четири средби се одиграа во рамки на Африканскиот Куп на Нации, а на три од нив немаше голови. Единствениот гол падна на натпреварот меѓу Мароко и Замбија, каде фаворитот го потврди првото место.

Мароканците победија со 1-0 против Замбија и како лидери одат во нокаут-фазата. Замбија, пак, тагува, иако е трета, таа е на последното место на рангирањето на третопласираните репрезентации и нема да оди понатаму.

Единствен стрелец на натпреварот беше ѕвездата на „Лавовите од Атласот“. Тоа е Хаким Зијеч, кој во 37. минута погоди и ги постави конечните 1-0.

Немаше голови на натпреварите Намибија - Мали, Јужна Африка - Тунис и Танзанија - ДР Конго. По овие резултати, од третопласираните селекции заедно со Замбија испадна и славната Гана.

Најмногу се радува домаќинот Брег на Слонова Коска, кој го фати „последниот воз“ и како четврта најдобра трета селекција се најде во следната рунда. Покрај Гана, дома си одат и Алжир и Тунис. Сензациите во нокаут-рундата, пак, се Намибија и Мавританија.

  • Осминафинале, АКН:

Нигерија - Камерун
Ангола - Намибија
Зеленортски Острови - Мавританија
Мароко - Јужна Африка
Мали - Буркина Фасо
Сенегал - БСК
Египет - ДР Конго
Екваторска Гвинеја - Гвинеја