Три премиерлигаши заинтересирани за Синиша Михајловиќ!?

По отказот во Торино, некогашниот селектор на Србија, Синиша Михајловиќ е без клуб и го чека својот нов предизвик. Според елитниот британски медиум „Сан“ најверојатно нова дестинација на Михајловиќ ќе биде Премиер лигата, односно еден од клубовите – Евертон, Вест Хем или Стоук. 

Според истиот извор, Дејвид Мојс не е задоволен од политиката на раководството на „чеканите“,  а слична е и ситуацијата со Сем Алардајс во Евертон, па двата премиерлигаши наводно започнале преговори со Михајловиќ за менаџерското место. 

Помалку веројатна е опцијата српскиот стратег да го преземе кормилото на Стоук, бидејќи тимот од „Бет365“ оваа сезона игра далеку под очекувањата и грчевито се бори за опстанок во елитата. 

Доколку овие шпекулации станат реалност и бившиот стратег на Торино премине во најбогатата фудбалски лига, тогаш ќе го добие она што го немаше во Серија А – големи финансиски средства и фудбалери кои тој ги посакува. 

Во својата тренерска кариера Михајловиќ досега беше предводник на Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино, а во повеќето бележеше неуспеси и предвреме ги раскинуваше договорите.