Три премиерлигаши веќе тренираат, денес и Мурињо се враќа на работа

Три премиерлигаши вчера се вратија во тренажен процес, а денес уште еден лондонски клуб ќе означи нов почеток. Арсенал, Брајтон и Вест Хем ги отворија своите тренинг центри за професионалците, но само за индивидуална работа.

Мурињо и соработниците од денес ќе бидат во тренинг центарот на Тотенхем и ќе им пкмагаат на фудбалерите за инвидуални тренинзи. Од лондонскиот клуб најавија дека ќе има ограничен број на терени за првиот тим што ќе ги користат во поединечни тренинг сесии. Само еден играч може да биде на теренот и секој играч ќе патува самостојно до тренинг центарот. Тотенхем го ограничи и бројот на играчи кои ќе бидат на теренот за обука во секое време.

Премиер лигата се надева дека до 8 јуни земјата ќе биде подготвена за рестарт на шампионатот и враќање на фудбалските возбудувања. В петок клубовите ќе имаат нов состанок за дефинирање на термини за колективни тренинзи и почеток на натпреварувањето во лигата.

Околу милијарда фунти треба да поделат премиерлигашите од последната третина од колективниот договор за ТВ права.