• Зоран Мишевски

Најтрофејната екипата во историјата на Лига Европ (Севиља) и три поранешни шампиони на Европа (Јувентус, Манчестер Јуанјтед и Феенорд) утре во 13:00 часор ќе се најдат во ждрепката за четвртфиналето на Лига Европа.
Италија е единствена земја со повеќе од еден претставник во оваа фаза. Со оглед на тоа што нема поделба на носители и неносители, можни и ѕвездени дуели уште во следната фаза.
Четвртфиналисти на Лига Европа:
Манчестер Јунајтед
Јувентус
Рома
Феенорд
Баер Леверкузен
Севиља
Спортинг Лисабон
Ројан Унион
Покрај ждрепката за четвртфиналето, утре ќе бидат познати и хипотетичките полуфинални парови.
