Три понуди од Европа за ѕвездата на Сантос, Тиаго Маја

Фудбалерот на Сантос и на бразилската репрезентација, 19-годишниот Тиаго Маја блесна и привлече вниманието на себе со одличните настапи на Олимписките игри во Рио, па за него најсилен интерес во моментов покажуваат Челзи, Атлетико Мадрид и ПСЖ.

Неколку европски гиганти уште во зимскиот преоден рок ќе се обидат да го донесат во своите редови, а неговата цена во моментов изнесува околу 25 милиони евра.

Талентот на Сантос е креативен фудбалер за врска со огромна проекција за напредок, па во него бразилските експерти гледаат иден лидер и на националната репрезентација. Скоро сигурно во следните преодни рокови Тиаго Маја треба да биде ѕвезда и наскоро да пристигне на стариот континент.