Три нови имиња се појавија на подготовките на Победа

Екипата на Победа активно се подготвува за пролетната полусезона, што е случајот со многу фудбалски клубови во Македонија.

Прилепчани соопштија дека од вчера можат да сметаат на три нови имиња. На фудбалерите им се приклучија двајца повратници и еден играч кој првпат ќе ја задолжи опремата на екипата.

Се работи за младиот Кирил Неделков, кој доаѓа од Плачковица, и Мирко Симјановски, кој се раздели со Тетекс. Непознато име за навивачите е Петар Најдов кој пристигна до редовите на Кит-Го.

Напредок Крушеани ќе биде првиот предизвик на пријателските средби за Победа на крајот од оваа недела.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.