Три меча казна за Левандовски, го пропушта дуелот со Атлетико

Пике

Барселона ги дозна казните за Роберт Левандовски и Жерард Пике, кои имаа испади на последниот меч на гости кај Осасуна.

Полскиот напаѓач заработи исклучување, а потоа направи гест кон судијата, поради кој ќе паузира три натпревари. Тоа ќе биде удар за нападот на каталонскиот тим, кој моментално е лидер во Примера.

Четири меча казна доби пензионираниот Пике. Искусниот шпански дефанзивец, кој не беше во конкуренција за настап, доби црвен картон поради приговорите кон главниот судија на паузата.

Левандовски нема да игра на натпреварите против Хетафе, Атлетико Мадрид и Еспањол.