Три италијански гиганти во „битка“ за најдобриот напаѓач на Лече

Интер, Милан и Јувентус се клубовите кои се најзаинтересирани за услугите на црногорскиот напаѓач од редовите на Лече, Никола Крстовиќ. 

Двата гиганти сакаат да ја збогатат офанзивната ротација за следната сезона, па во Крстовиќ гледаат идеално решение затоа што има искуство од Серија А, каде сезонава досега забележа десет гола и три асистенции. 

Црногорецот веќе втора година е во Лече, а претходно играше за Дунајска Стреда, Црвена Звезда, Зета и Графичар. Лече за неговиот трансфер ќе бара сума над 20 милиони евра, но се претпоставува дека гигантите ќе се обидат да го намалат овој износ низ разни клаузули. 

Доколку се согласи да не биде прв напаѓач во тимот, Крстовиќ би можел лесно да го облече дресот на еден од најголемите италијански клубови и да го оствари трансферот на кариерата.