ВИДЕО: ТРИ гола за ПЕТ минути, Баерн го „сомле“ и РБ Лајпциг во Бундеслигата

Екипата на Баерн Минхен забележа уште една победа во Бундеслигата, откако во дербито на гости кај РБ Лајпциг по пресврт славеше со убедливи 1-5 (1-0).

Баварците во најлош момент гостуваа кај секогаш незгодниот ривал. Многумина очекуваа дека токму „биковите“ ќе го искористат заморот на шампионот и фактот што за неколку дена треба да игра во Лигата на шампионите, но четата на Винсент Компани покажа супер-квалитет кога најмногу требаше и го наполни голот на домаќинот.

Во првиот дел Лајпциг беше подобриот ривал на теренот, имаше иницијатива и неколку изгледни шанси за гол, а искористи само една. Во дваесеттата минута Кардозо ја стресе мрежата на Нојер и донесе огромна радост на трибините. На полувреме се замина со предност на домаќинот од 1-0, а во вториот дел следуваше канонада на шампионот. 

По само пет минути игра во продолжението Гнабри израмни на 1-1, а во 67. минута Хари Кејн донесе прва предност за Баерн. Овој резултат беше активен до самиот финиш на средбата, кога фаворитот за пет минути постигна уште ТРИ гола. Тах, Павловиќ и Олисе го откажаа домаќинот, и Баерн на крај славеше убедлива победа од 1-5.

  • Извештај од натпреварот:

Покрај убедливата победа добра вест за баварците е и враќањето на Мусијала, кој поради повреда беше отсутен подолго време, поточно од ланското четвртфинале во Лигата на шампионите против ПСЖ. Германскиот репрезентативец само што влезе во игра вендаш асистираше, за последниот гол на Олисе.