Три гола во пет минути: „Канаринците“ не пропеаја и во Монако (ВИДЕО)

Екипата на Монако останува во борба за место во евро-куповите со домашната победа над Нант со резултат 3-1 во вториот денешен дуел во француската Лига 1. Претходно, Рен беше подобар од шампионот ПСЖ.

Кнезовите не им дадоа на „канаринците“ да пропејат и им го нанесоа петтиот последователен пораз во Лига 1. Нант се наоѓа на претпоследното место и го чека тешка битка за опстанок во елитното фудбалско друштво во Франција.

Што се однесува до головите, трите гола паднаа во пет минути. Симон Адингра беше двоен стрелец во 25. и 28. минута, а потоа во 30. минута Закарија зголеми на 3-0. Почесниот гол Нант го даде пред паузата преку Чентонце.

  • Извештај од натпреварот:

Монако во следното коло го очекува гостување кај една од најдобрите екипи во лигата Ленс.