Три гола на Назифи, Македонија У17 ја „потопи“ Андора и останува во игра за квалификациите за ЕП

Фудбалската селекција на Македонија до 17 години не дозволи нов неупсех во последното коло од првата рунда на квалификации за следното Европско првенство и со убедлива победа осстанува во игра за учество на континенталниот собир.

Нашите надежи одиграа доминантно против соодветната селекција на Андора и со победата од 6-0 се пласираа на третата позиција на табелата, која што носи нова рунда на квалификации. Но, прво ќе треба да го почекаме расплетот од останатите групи и доколку бидеме меѓу четирите најдобро третопласирани селекции ќе се пласираме во втората фаза на квалификации.

Прва ѕвезда на Македонија беше Незифи, кој забележа „хет-трик“, додека два гола постигна Стојанов, а еден Ѓорѓиевски.

На претходните натпревари од воведните квалификации, Македонија одигра реми без голови со Полска, а со 2-0 загуби од Република Ирска.