Три девојки на „минус осум“ и снег до колена гледаа фудбал во џакузи со пиво!

Три девојки во Данска покажаа дека не се плашат од зимата и снегот и дека се подготвени на се, само да уживаат во фудбалските мечеви на својот омилен тим.

Температурите низ Европа се минусни, речиси секаде има снег, но за три дами тоа не беше проблем, затоа што решија да влезат во џакузи и со пиво в раце да гледаат фудбал. На мечот меѓу Хобро и Копенхаген, девојките беа во костими за капење и уживаа.

На мечот кој се играше на -8 степени целзиусови паднаа два гола, а победи Копенхаген, со головите на Виктор Фишер и Расмус Фалк.