ВИДЕО: Три црвени картони, смешен автогол и мајсторија на Гудељ во Севиља

Дербито на Севиља меѓу домаќинот на „Бенито Виљамарин“ Бетис и истоимениот клуб од овој град заврши без победник (1-1). Пресметката од 13. коло понуди добра пресметка, со доста прекршоци, груба игра и дури три црвени картони. 

Првата закана на натпреварот ја упати Борха Иглесиас на самиот старт, од слободен удар биеше крај голот на Севиља. Течеше 38. минута кога Монтиел беше исклучен, откако судијата доби повик од ВАР собата. Играчот на Севиља беше прегруб во еден старт и доби директен црвен картон. Бргу потоа Бетис успеа да дојде до предност, во 43. минута со автоголот на Хесус Навас. Гудељ се обидуваше да избие, но го погоди искусниот соиграч и топката се одби во мрежата за 1-0. Во финишот на полувремето и домаќинот остана со десетмина, откако Набил Фекир доби црвен поради невнимателен удар со лакт.

Веднаш на стартот на продолжението, по само четири минути Бетис доби уште еден црвен картон. Борха Иглесиас невнимателно нагази ривал и беше исклучен. Потоа Севиља целосно ја презеде иницијативата, тргна да притиска и да се бори за израмнување. На тоа се чекаше до 82. минута и голот на Немања Гудељ. Србинот со одличен удар од околу 25 метри го матира домашниот голман за 1-1, а потоа во судиското продолжение имаше уште една можност, но тогаш Клаудио Браво успеа да одбрани. 

  • Извештај од натпреварот: 

На крајот дербито во Андалузија заврши со реми, по тринаесет кола Бетис има 24 бода на четвртото место, а Севиља има 11 на 17. позиција.

Состави

Мануел Пелегрини

4-2-3-1

    Jorge Sampaoli

    4-2-3-1