ВИДЕО: Три асистенции на Ракитиќ, Барса лесно се справи со Леонеса

Екипата на Барселона обезбеди пласман во наредната фаза од Купот на Шпанија откако на „Камп Ноу“ во доминантен натпревар со 4-1 (3-0) славеше над Леонеса.

Актуелниот првак одигра солиден натпревар и иако во десеткуван состав, се пласираше во наредната рунда. Клучна улога на теренот беше хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ, кој трипати асистираше на средбата и имаше најдобра оценка.

Првиот погодок на мечот, Барселона го постигна во 18. минута кога погоди Ел Хадади. Двапати во листата се запиша Малком, во 43. и 70. минута, додека еднаш погоди Денис Суарез во 26. минута. Единствениот гол за гостите беше дело на Сене, за намалување на 3-1.

Во наредната фаза на Копа дел Реј се уште Валенсија, Атлетико Мадрид, Севиља, Виљареал, Еспањол, Хетафе, Џирона, Леганес и Реал Сосиедад.