• Иван Димовски
Фудбалската опсерваторија ЦИЕС од Швајцарија својата последна анализа ја посвети на финансиите во фудбалот, поточно влезните и излезните трансфери, продажбата и купувањето на играчи.
Меѓу „мерените“ параметри беше и потрошувачката на најсилните светски клубови. На врвот на листата сосема очекувано е екипата на Челзи, која веројатно немаше да се најде на првото место ако не беше Тод Боели кој во изминатите години троши неброено. Од 2015 до 2024 година „сините“ од Лондон имаат потрошено 2,78 милијарди евра (голем дел во ерата на Боели).
На второто место е Манчестер Сити кој е на 1,96 милијарди, по нив следи Манчестер Јунајтед со 1,95 милијарди, пред ПСЖ со 1,9 милијарди. Интересно, петтопласиран е Јувантус со 1,77 милијарди евра, а во топ десет се уште Барселона (1,67), Тотенхем (1,41), Арсенал (1,4), Атлетико Мадрид и Ливерпул (1,24).
На листата со потрошено повеќе од милијарда евра во последната деценија следат: Баерн Минхен, Реал Мадрид, Вест Хем, Милан, Интер, Астон Вила, Евертон, Монако, Њукасл и Наполи.