• Саше Љолес
Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) ги соопшти номинираните фудбалери кои ќе бидат во трката за најдобар играч од „црниот“ континент за минатата година.
На потесната листа нема премногу изненадувања и на неа се наоѓаат Мохамед Салах од Ливерпул, Виктор Осимен од Наполи и Ашраф Хакими од ПСЖ. Обложувалниците во моментов му даваат најголеми шанси на Осимен, но до самиот избор има уште време и нештата би можеле да се променат.
Салах и Хакими исто така имаа одлични сезони, но титулата на Наполи и извонредниот голгетерски учинок се причините поради кои Осимен би можел да се закити со овој престижен трофеј. Во конкуренцијата кај тренерите, главни кандидати се Валид Реграгуи (селектор на Мароко), Алиу Сисе (селектор на Сенегал), како и Абделах Бенчика, кој е член на стручниот штаб.
Кај голманите предничи Андре Онана од Манчестер Јунајтед, а во најтесниот избор се уште Јасин Боно (Ал-Хилал) и Мохамед Ел-Шенави, кој настапува за саудискиот Ал-Ахли.