• Мартин Танасковски
Тренерот на Олимпик Лион, Пауло Фонсека, наводно се соочува со суспензија од седум месеци поради напад на судијата Бену Мило.
И покрај тоа што неговиот тим имаше предност во судиското надополнување против Брест, Фонсека беше лут од одредени одлуки на Беноа Мило, а Португалецот дозволи емоциите да го надминат, што доведе до крајот да добие црвен картон.
Тој му влета во лице на искусниот судија, рече којзнае што со него, очигледно му се закани и веднаш беше исклучен. Играчите и остатокот од стручниот штаб мораа да спречат потенцијален физички конфликт.
Иако се извини по мечот, најавите се дека ќе се оди по правилник во францускиот фудбал и Фонсека ќе мора на ладење во следните седум месеци.