ВИДЕО: Третолигаш го шокира Работнички, Шкупи и Шкендија доминантни

Фудбалерите на Шкупи без никакви проблеми се пласираа во осминафиналето од Купот на Македонија, откако попладнево убедливо го надиграа тимот на Џепчиште со огромни 0-8 (0-4). 

  • Џепчиште - Шкупи 0-8:

Чаирчани уште во првиот дел постигнаа четири гола, а особено брилираше Јоан Симун Едмундсон, кој запиша „хет-трик“ по само 28 минути активна игра. Нему му се приклучи Клемент Анса во 14. минута, а на паузата резултатот гласеше 0-4. Вториот дел претставуваше чиста рутина за Шкупи, гостите од Скопје продолжија со налетот и успеаја уште повеќе да ја наполнат мрежата на Џепчиште, а конечните 0-7 беа вистински приказ за случувањата на теренот. 

Вистинско изненадување приреди тимот на Шкендија од Арачиново, кој успеа да го надигра Работнички со конечни 2-0 и им приреди огромен шок на „романтичарите“ од Дебар Маало. Домаќините постигнаа по еден гол во двете полувремиња и донесоа голема радост за своите навивачи. Стрелци на натпреварот за Шкендија Арачиново беа Љупчо Трпески и Елмир Алији.

  • Шкендија Арачиново - Работнички 2-0:

Убедлива победа од 0-5 на гостувањето кај четвртолигашот Јени Маале во Битола запиша екипата на Шкендија. Стрелци за тетовчани беа Латифи, Крстевски, Коцев, Бамба и Шефити.

  • Јени Маале - Шкендија 0-5:

Брера Струмица рутински го надигра Вардар Неготино со конечни 0-4 со двата гола на Каланоски, еден автогол и погодок на Оласебикан. Брегалница го торпедираше тимот на Слободен со 0-6, додека Детонит Плачковица извојува минимален триумф на гостувањето кај велешки Борец со конечен резултат 0-1. 

  • Борец Велес - Детонит Плачковица 0-1:

Сигурен триумф од 1-6 забележа екипата на Струга Трим Љум на гостувањето кај Слога Виница. Стрелци за шампионот на ПМФЛ беа Компаоре, Таири, Камбери, Радески и двапати погоди Такахара.