• Иван Димовски
Фудбалерите на Фрајбург доживеа непријатно изненадување и загубија на гостувањето кај третолигашот Арминија Билифилд (3-1) во осминафиналето на ДФБ Купот.
- Арминија - Фрајбург 3-1:
Екипата која пред две години играше во Бундеслигата има „слободен пад“ и преку Цвајте стигна до третолигашката конкуренција. Сепак, тоа не ја спречи Арминија мотивирано да истрча на теренот со бундеслигашот и да го исфрли од најмасовното германско натпреварување.
Откако Фрајбург не реализира пенал преку Мислија, следеше казната во видот на два гола на Ланерт и Каниа (2-0). Во вториот дел Фрајбург намали на 2-1 преку Грегорич, но точка на победата стави Опи во 81. минута (3-1).
- Јан Регензбург - Штутгарт 0-3:
Штутгарт не дозволи изненадување и убедливо слави на гостувањето кај Јан Регенсбург (0-3). Отпорот на второлигашот беше рано скршен бидејќи гостите поведоа со 0-2 преку Милот и Часе веќе до 19. минута од средбата. Потврда на победата стави Волтемад со гол во вториот дел.