Третолигаш ги „чисти“ гигантите од Купот на Германија, по Баерн елиминиран и Ајнтрахт 

Фудбалерите на Баер Леверкузен одличните игри во домашниот шампионат ги пресликуваат и во Купот на Германија. Лидерот во Бундеслигата вечерва немаше проблеми против Падерборн и со победата од 3-1 е првиот патник во четвртфиналето во најмасовното фудбалско натпреварување во Германија.

Момците на Чаби Алонсо сериозно го сфатија оваа соочување и уште во првите 45 минути му ставија до знаење на противникот дека нема да дозволат никаква сензација. Резултатот го отвори Виктор Бонифејс уште во 12. минута, а кон средината на полувремето на 2-0 зголеми Паласиос. На почетокот на вториот дел Хофман стрелаше за 3-0, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд. До крајот на натпреварот гостите преку Клас намапиja на 2-1, но во самиот финиш Шик ја врати сигурната предност за „фармацевтите“ и стрелаше за 3-1.

Третолигашот Сарбрикен приреди нова сензација во Купот и за „дома“ го прати бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт. Освојувачот на Лига Европа од пред две сезони беше голем фаворит на овој дуел, но на терен целосно потфрли и заслужено беше поразен со 2-0. 

  • Сарбрикен - Ајнтрахт Франкфурт 2-0:

Двата гола за Сарбрикен, кој во претходното коло го елиминира Баерн Минхен, беа постигнати во второто полувреме. За 1-0 се потруди Брункер, додека конечните 2-0 ги постави Кербер.