• Иван Димовски
Фудбалерите на Борусија Дортмунд видоа сериозна мака против третолигашот Есен, но славеа со 0-1 и се пласираа во втората рунда на ДФБ Купот.
Домаќинот одигра одлично дефанзивно, ги затвори приодите кон својот гол и долго одолеваше на налетите на ривалот. Третолигашот се бранеше грчевито и на крајот попушти, а тоа се случи во 79. минута. Серху Гираси беше човекот кој го пронајде патот до домашната мрежа по асистенција од Бенсебаини.
Со оваа победа Борусија Дортмунд се пласира во шеснаестинафиналето на Купот.
Во втората рунда се пласираа уште Фортуна Дизелдорф со победата на Швеинфурт (2-4), Херта по пенали го исфрли Минстер, а Маинц беше подобар од Динамо Дрезден (0-1).









