• Зоран Мишевски

Пред две недели Спировски, минатата Ристиќ, а оваа недела во Битола пристигна Марјан Ристовски. Крилниот напаѓач е трето ново име во ростерот на Димитар Капинковски за сезоната 2025/26. Ристовски потпиша на една година и се враќа во ПМФЛ по краткиот период во Грција.
Клубот со кратко соопштение го најави најновото засилување.
„Ростерот на ФК Пелистер за сезоната 2025/26 е посилен за уште едно квалитетно и искусно име од македонските терени. Наш нов член е Марјан Ристoвски, кој потпиша договор на една сезона со ФК Пелистер. Се работи за 28-годишен страничен фудбалер, со акумулирано искуство со настапите во нашата Прва лига.
Ристoвски е роден во Гевгелија, а во мак-фудбалот настапувал за Кожуф, Тиквеш, Борец, Работнички, Силекс, Вардар, Брера Струмица и грчка Кавала. Во Првата македонска лига има 124 натпревари и 20 голови. Во есенскиот дел од минатата сезона за Брера Струмица одигра 14 натпревари“.
Марјан Ристoвски е трето засилување на битолски Пелистер ова лето по Стефан Спировски и Петар Ристиќ.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.







