• Иван Димовски

Екипата на Гостивар продолжи да го засилува тимот за пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).
Лидерот во второлигашката конкуренција го промовира третото ново име. Се работи за Гордијан Христовски кој доаѓа од редовите на Скопје. 19-годишникот настапува на левата бековска позиција, а може да покрие и во одбраната. Оваа сезона во ПМФЛ тој запиша шест настапи за „пиратите“, пред сега да прејде во второлигашот.
Гостивар досега ги доведе Симеон Христов од Вардар и Рејан Абази од Локомотива. Овој тим работи на пополнување на критичните позиции, бидејќи главната цел е одбрана на првото место и пласман во елитниот ранг на фудбалот во земјава.