Трето коло во КЛ на Вардар би му донело „бонус“ од 725.000 евра

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар продолжува со настапите во евро-куповите. Црвено-црните гостуваат во Лозана во рамки на второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, меч во кој ќе бранат предност.

Вардарци ѝ најдоа рана на Лозана, затоа што во Скопје ја победија со 2-1 и имаат еден позитива на незгодното гостување. Триумфот го донесоа Роџерс Мато и Азер Омерагиќ, кои погодија во првото и второто полувреме, за важна победа на тимот на Седлоски пред реваншот.

Покрај што ќе игра за место во третото коло на Конференциската лига, Вардар ќе игра и за финансиски бенефит. УЕФА дава по 175,000 евра за настапот во секое коло, а третата квалификациска рунда би донела и уште сигурни 550,000 евра во клупската каса.

Мечот во Швајцарија започнува од 20:15 часот. Мечот ќе се игра на вештачка трева. Победникот од овој двомеч ќе игра со Зимбру од Молдавија или Астана од Казахстан, нивниот прв меч заврши 1-1.