• Горан Упале
Младата селекција на Македонија во вистински момент стигна до израмнување на квалификацискиот натпревар против Ерменија во Битола.
По резултатската негатива по првото полувреме, нашите надежи во игра се вратија во 54. минута, кога Трајков со небески скок ја смести топката во мрежата на гостите. Асистент на голот беше Хамза, кој прецизно проигрa од корнер.
Инаку, за Димитар Трајков ова беше трета среќа, откако во првиот дел не реализира две шанси.



