Трета европска казна од УЕФА за Шкендија

Екипата на Шкендија ја доби третата европска казна оваа сезона во Конференциската лига на УЕФА, повторно заради иста санкција.

Овој пат, европската куќа на фудбалот беше поблага кон тетовчани, а казната се однесува за натпреварот со Слован Братислава во Скопје. Во бележникот на делегатот заведено е дека се користела пиротехника.

УЕФА во најновиот билтен објави дека Шкендија ќе треба да плати казна од 1,750 евра за користење на пиротехника на стадионот.

Актуелниот првак на Македонија го доби овој дуел со Словаците, а во моментов чека на плеј-офот во Конференциската лига на УЕФА каде чека двомеч со Самсунспор од Турција.